сабота, 25 март 2017  |  Вести денес: 0

Миноски: Македонската економија добро се справува со последиците од политичката криза

Тоа го покажуваат и податоците кои ги добиваме од вториот квартал. Во првиот квартал имавме раст од 2 проценти, а во вториот имаме нешто повисок раст, кој се должи на растот во секторот градежништвото, но и на извозот, вели тој.

minoski-tvnova-640x411

Последни вести

Македонската економија добро се справува со последиците од политичката криза, вели министерот за финансии Кирил Миноски.

-Политичката криза влијае психолошки и на инвеститорите и на потрошувачите. Последиците од политички кризи врз економија во одредена земја се неминовни, но доколку се земе в предвид негативниот импакт на политичката криза македонската економија добро се справува со последиците. Тоа го покажуваат и податоците кои ги добиваме од вториот квартал. Во првиот квартал имавме раст од 2 проценти, а во вториот имаме нешто повисок раст, кој се должи на растот во секторот градежништвото, но и на извозот, вели тој.

За растот на македонската економија, падот на невработеноста, за странските дирекни инвестиции, за новиот буџет за 2017 година вечерва во „Отвореното студио“ во ТВ Нова разговараат со министерот за финансии Кирил Миноски и дополнителниот заменик министер за финансии Кире Наумов.

Најчитани вести