Миноски: Нашата визија е сеопфатен развој на државата

Продолжуваме да работиме чесно, посветено во остварување на нашата цел, а тоа е поголема благосостојба за сите граѓани во Република Македонија, економски развој кој подразбира отворање на работни места, истакна денес Кирил Миноски од ВМРО-ДПМНЕ кој беше во посета на Неготино каде оствари средба со граѓаните.

-Работни места кои се повеќе платени, да ја покажеме нашата грижа за сите сегменти кои значат културен развој на македонскиот развој, образовен напредок. Нашата визија е сеопфатен развој на државата. Економијата претставува основниот постулат за ова да се обезбеди и заради тоа таа има примарен приоритет во новата програма, посочи Миноски.

minoskinegotino1