Миноски: Нема да се промени старосната граница за пензија

Нема да се промени старосната граница на вработените за заминување во пензија. Ова го истакна денеска министерот за финансии, Кирил Миноски одговарајќи на новинарско прашање, додавајќи дека не се размислува и за промена на процентот на социјалните придонеси.

Според законските прописи во Република Македонија, во пензија се оди на 64 години за мажи и 62 години за жени.