петок, 24 март 2017  |  Вести денес: 27

Миноски: Околу 17.000 луѓе се вработени во ТИРЗ

Мерките со кои се поттикнува вработување, а кои ги применува Владата резултираат со нови вработувања, вели Миноски.

kiril-tvnova-640x362

Последни вести

Околу 17.000 луѓе се вработени во технолошки индустриски развојни зони. Проектите „Македонија вработува“ дава резултати. Мерките со кои се поттикнува вработување, а кои ги применува Владата резултираат со нови вработувања, вели Миноски.

Според министерот не се само даночните олеснувања можни мерки кои што може да се искористат за помагање на македонските компании.

-Се работи на сите сегменти за развој на приватниот сектор во Македонија. Пред се, клучни мерки во тие напори се пристапот до финансии што се работи преку Македонската банка за поддршка на развој, има низа програми за развој на менаџерските вештини на македонските компании, работиме на низа активности и обуки за подобрување на бизнис процесите во самите компании, преку агенцијата за вработување се спроведуваат активните мерки за пазарот на трудот со цел да се подобрат квалификациите на работната сила. Преку агенцијата за странски инвестиции и промоција на извоз правиме директни средби со странските компании за да се подобри поврзувањето на домашните со странските компании, имаме фонд за иновации. Се се тоа мерки кои никој досега не ги спровел во Македонија – изјави Миноски.

Најчитани вести