петок, 2 декември 2016  |  Вести денес: 54

Миноски: Проектите кои се реализираат со ИПА средства продолжуваат со иста динамика

Проектите кои се започнати и кои се финансирани со европските пари ИПА, како Демир Капија – Смоквица, Пречистителна Прилеп и Битола- Кременица, продолжуваат со својата реализација согласно предвидената динамика. За ова во интервју за Канал 5 информира првиот финансиер Кирил Миноски.

minoski-kanal5

Поврзани вести

Проектите кои се започнати и кои се финансирани со европските пари ИПА, како Демир Капија – Смоквица, Пречистителна Прилеп и Битола- Кременица, продолжуваат со својата реализација согласно предвидената динамика. За ова во интервју за Канал 5 информира првиот финансиер Кирил Миноски.

Министерот за финансии Миноски појасни дека одлуката на ЕК поврзана со повлекување на 27 милиони евра од ИПА се однесува на средства кои се уште не се испрограмирани и не се договорени проекти со Европската Комисија.

Миноски напоменува дека секаде каде има зрели проекти ќе се ползуваат европските средства, согласно интересите на граѓаните на Република Македонија.

Имаме и позитивни сигнали, на пример од Австриската развојна агенција вчера добивме информација за грант наменет за систем за управување со кризи во УЈП,  вели Миноски.

Во однос на повлекувањето на претставникот на ММФ од земјава, миснитерот за финансии посочува дека станува збор за интерна одлука на Фондот, која нема политичка заднина.

Претставникот на Меѓународниот монетарен фонд замина од интерни причини. Сите држави кои немаат аранжман со ММФ, Фондот, во насока на рационализација на трошоците, затвора одредени канцеларии и ги повлекува претставниците. И понатаму останува соработката со ММФ. Во септември е закажана редовна мисија на Фондот во земјава и ние ги очекуваме, вели Миноски.

Во однос на закажаната расправа за утре за ребаланс на буџетот во Собрание, на матичната комисија за фианнсирање и буџет, Миноски коментира дека со ребалансот доаѓа до прилагодување на државната каса на корегираните проекции за раст согласно новнастанатите услови поради политчката криза. Миноски истакнува дека со ребалансот и понатаму остануваат средствата потребни за реализација на капиталните инвестиции, за субвенционирање на земјоделците, за плати и пензии.

Миноски истакнува дека капиталните инвестиции се на историски највисоко ниво досега и дека со ребалансот ниту еден проект не е укинат. Со ребалансот е направено прилагодување на реалната можност да се искористат средствата за капитални инвестиции, кои поради двата предизборија во првата половина на 2016 не можеле да се користат.

Најчитани вести