вторник, 20 декември 2016  |  Вести денес: 53

Миновски: Од опозиција СДСМ не може да и’ наштети на Македонија

Мнозинството на граѓани се одлучи за нови работни места, а не за затворање на постоечките, реваншизам и бркање од работа. Им благодариме за довербата што ни ја дадоа и како што ветивме, ќе продолжиме со политиките и мерките на отворање на нови 70.000 работни места.

minovski

Последни вести

СДСМ пред изборите, пред само една недела, пред граѓаните ветуваше просечна плата од 30.000 денари, повисока минимална плата, нови вработувања, зголемување на пензиите и тоа не еднаш, туку ДВА пати годишно, а веќе вчера пропагираше отпуштања во јавниот сектор, намалување на платите и кратење на пензиите. Ете на ова предупредувме. СДСМ сакаше на граѓаните да им подметне уште еден 15-ти септември. Но за среќа, овојпат мнозинството на граѓани не поверуваа на лагите. Тоа е единствената позитивна страна во сето ова, изјави на денешната прес конференција, Кирил Миноски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение го пренесуваме целиот текст интегрално

Од опозиција овие луѓе нема да може да им наштети на граѓаните на Република Македонија, нема да да отпуштаат луѓе од работа за да ги вработат своите послушници, ги кратат плати и пензии.

Кога беше на власт, ги скрати пензиите за 8%. Ниту еднаш не ги покачија, а ги скратија за 8%! Пензиите ги исплаќаа на рати, во три групи во месецот. Пензиите постојано доцнеа.

200.000 граѓани беа избркани на улица и останаа без работно место, што значи дека 200.000 семејства беа оставени да живеат во сиромаштија и без средства за егистенција. Стапката на невработеност изнесуваше рекордни 38% во светски размери.

Благодарение на политиките и мерките кои ги преземаше Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ потоа беа искреирани нови 160.000 работни места и стапката на невработеност е сведена на историски најниски 23,4%.

Мнозинството на граѓани се одлучи за нови работни места, а не за затворање на постоечките, реваншизам и бркање од работа. Им благодариме за довербата што ни ја дадоа и како што ветивме, ќе продолжиме со политиките и мерките на отворање на нови 70.000 работни места.

Новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја зголеми просечната пензија за 70%, а најниската пензија за дури 90%. За разлика од СДСМ ние нема да ги кратиоме пензиите, туку, како што ветивме, во следните 4 години ќе ги зголемиме  за дополнителни 10,25%.

ВМРО-ДПМНЕ во периодот 2007-2008 година, пред светската економска криза, ги покачи платите во јавниот сектор за 25%. Во октомври 2014 година се реализираше уште едно покачување на платите во јавниот сектор за 4%. Во следните 4 години, како што ветивме, платите во јавниот сектор ќе ги зголемиме за 10,25%.

Ние сме првата Влада во Република Македонија која со закон ја утврди висината на минималната плата во земјава и како што ветивме истата ќе ја зголемиме на износ од 14.000 денари.

Позициите се сега многу појасни. ВМРО и коалицијата се за раст на платите, на пензиите, на капитални инвестиции, за економски политики кои ќе ја придвижат економијата напред, кои ќе обезбедат економски раст и ќе креираат нови работни места. СДСМ е за рестриктивна економска политика. За кратење на платите и пензиите, за отпуштања, за намалување на потрошувачката, со што ќе предизвика стагнација кои што ќе доведе до нови отпуштања, до продлабочување на кризата а потоа економијата ќе влезе во вртлогот од кој што ќе се најдеме на пат-неповрат.

Граѓаните денес можат да се уверат дек ние кога ќе ветиме нешто, стоиме на зборот. Нашиот збор е столб на кој може да се потпрете. Нашиот збор значи сигурност.

Најчитани вести