петок, 28 април 2017  |  Вести денес: 37

Миновски: СЈО не е дораснато на задачата за која е формирано

Катица Јанева во случајот „Пуч“ можеше да избира помеѓу професионалното и законско работење или помагањето и прикривањето на криминалот на нејзиниот штитеник Зоран Заев. Катица Јанева се определи за Зоран Заев, изјави на денешната прес конференција Кирил Миновки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

миновски

Поврзани вести

Во продолжение ја пренесуваме изјавата интегрално:

Катица Јанева во случајот „Пуч“ можеше да избира помеѓу застапување на доказите обезбедени преку признанието на сега осудениот Ѕвонко Костовски, скајп комуникацијата и писмото од Заев до Верушевски или да премине на другата страна и по втор пат да аболицира лице кое во минатото стори и други кривични дела. Катица Јанева се откажа од правото и правдата и се определи за Заев.

Катица Јанева и СЈО можеа да избираат помеѓу одговорноста за тоа за кое што се избрани и платени или целосно влегување во политичките игри на СДСМ и ставање во функција на аболицираниот Зоран Заев. Катица Јанева и СЈО одлучија да одиграат пристрасно и политички.

Во предметот „Пуч“ има бројни докази. Го знае тоа и Катица Јанева и Зоран Заев. Го знае тоа и обвинителството за гонење дела од областа на организираниот криминал и советот кој одлучуваше за правосилност на обвинението. Зоран Заев е загазен во криминал и во судска постапка ќе се докажеше обвинението. Затоа Катица Јанева одлучи да се повлече и да го брани криминалот. Во спротивно самиот Заев ќе бараше во судска постапка да се докаже неговата невиност.
Специјалното јавно обвинителство е политички инструмент на СДСМ. СЈО нема ниту П од професионализам, а непристрасното постапување за нив е непозната именка.

СЈО не е дораснато на задачата заради која е формирано и самото ја поништи основната причина за негово постоење.

Најчитани вести