петок, 24 март 2017  |  Вести денес: 61

Миновски: Зголемена наплатата на даноци за првиот квартал споредено со лани

Во првиот квартал и месец април годинава, износот на наплатените даноци е повисок споредено со истиот период лани, изјави за ТВ Нова Кирил Миновски, директор на Управата за јавни приходи.

Последни вести

– Податоците од 2015 година покажуваат задоволително ниво на наплата на даноците, а и добар тренд на наплата во првиот квартал од оваа година и месец април. Наплатата се движи во предвидените проекции и апсолутниот износ на наплата е зголемен во однос на истиот период во 2015 година, изјави Миновски.

Според него, параметрите за овој прв временски период од годината не покажуваат тренд на намалување на даноците.

-Во економијата е познато дека психологијата има големо влијание, пред сè во делот на потрошувачката. Знаеме дека во 2008 имаше светска економска криза чии последици беа почувствувани и во нашата земја, вели Миновски.

Најчитани вести