Миновски: Зголемена наплатата на даноци за првиот квартал споредено со лани

– Податоците од 2015 година покажуваат задоволително ниво на наплата на даноците, а и добар тренд на наплата во првиот квартал од оваа година и месец април. Наплатата се движи во предвидените проекции и апсолутниот износ на наплата е зголемен во однос на истиот период во 2015 година, изјави Миновски.

Според него, параметрите за овој прв временски период од годината не покажуваат тренд на намалување на даноците.

-Во економијата е познато дека психологијата има големо влијание, пред сè во делот на потрошувачката. Знаеме дека во 2008 имаше светска економска криза чии последици беа почувствувани и во нашата земја, вели Миновски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.