„Минстрој“ е нов концесионер на „Тораница“ и „Злетово“

Новиот концесионер за експлоатација на олово-цинкова руда во рудниците „Тораница“ и „Злетово“ – бугарската компанија „Минстрој“ денеска ќе биде претставен во Министерството за економија од заменик министерот Христијан Делев.

На претсавувањето ќе присуствуваат раководството на „Минстрој“, градоначалниците на општините Пробиштип и Крива Паланка Тони Тоневски и Арсенчо Алексовски и претставници од рударите и синдикатот.