Минусни температури во цела Македонија

Минусни температури утрово се измерени во сите региони во Македонија. Како што информира УХМР, утрово најстудено било во Берово, каде се измерени -11 степени. Во Струмица и Битола се измерени -5, – 4 во Крива Паланка, Лазарополе и Пожар, -3 во Виница, Крушево, Тополчани, Демир Капија, Маврово, Гевгелија, Прилеп, Скопје и Тетово, -2 во Штип, Пожаране, Ѓуриште, Кавадарци и Претор и -1 во Дојран, Охрид, Куманово и Дебар.

Снежна покривка на Маврово од 32 сантиметри

Слаб локален снег во северните делови од земјата
Слаб локален снег во северните делови од земјата

Снежна покривака има на Маврово 32 сантиметри, Лазарополе 24, Ѓуриште, Крушево и Пожаране 13, Берово 11, Пожар 10, Тетово 7, Битола и Штип 5, Тополччани 4, Струмица 3, Крива Паланка 1 сантиметар.

Слаб локален снег во северните делови од земјата

Во моментов времето е претежно облачно и тивко, во северните делови на земјава има слаб локален снег. Во текот на денот ќе преовладува променливо облачно, во северните делови ќе има услови за проврнување на слаб дожд и снег. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен северен ветер.

Највисоката температура во земјава ќе се искачи од 4 до 12 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, предпладне со услови за повремен слаб дожд и снег. Попладне ќе има намалување на облачноста. Температурата ќе достигне до околу 8 степени.

Во наредните денови ќе преовладува стабилно и потопло време.