Минусни температури во Македонија

Најниска температура изутрина во седум часот е измерена во Берово, минус седум степени Целзиусови, по што следат Маврово минус шест,  Лазарополе минус пет, Крива Паланка минус четири, Битола, Прилеп, Крушево, Скопје Петровец и Тетово минус три, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Демир Капија, Охрид, Штип, Струмица, Дебар и Куманово се регистрирани минус двастепена, минус еден во Пожаране, Виница и Претор, нула во Скопје, Тополчани и Ѓуриште, а пет степени во Дојран и шест во Гевгелија.

Времето денеска ќе биде сончево со слаб, а долж Повардарието умерен северен ветер.  Највисоката температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 10 до 17 степени.

Во Скопје сончево со слаб до умерен северен ветер, со температура до 15 степени.

До четврток времето ќе биде претежно сончево со ниски утрински температури, кои  на повеќе места ќе се спуштат под нула. Во четврток попладне ќе има зголемување на облачноста, а во текот на ноќта кон петок и во петок претпладне ќе има врнежи од дожд, особено во западните и северните делови.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.