МИОА денеска ќе ги објави резултатите од методологијата „Барометар на квалитет на институции“

Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски, денеска на прес-конференција, ќе ги објави резултатите од спроведените истражувања- Анкета на задоволство на граѓаните и Таен клиент во одредени државни институции, во согласност со методологијата „Барометар на квалитет на институции“.

Станува збор за стандардизирано мерење на квалитетот и општата функција на институциите кои се опфатени и врз основа на мерењето, оценување на институциите и нивно рангирање.

Се мерат и оценуваат фактори во поглед на испораката на услуги кон граѓаните.

Настанот ќе се одржи во просториите на Министерството за информатичко општество и администрација.