МИОА ќе изработува долгорочна ИКТ стратегија

миоа

Министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска – Томовска и претставници на Сојузот на стопански комори и на Здружението на информатичко-комуникациски технологии при Стопанската комора на РМ, на состанок ги анализирале Краткорочната ИКТ стратегија 2016-2017 и нејзиниот акциски план, кои се основа за изработка на долгорочната стратегија.

– Разгледани се тековните и идни планови за реализација на предвидените активности и мерки и се изнесени предлози и сугестии за понатамошен развој на информатичкото општество во Македонија, соопшти денеска Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА).

Целта на стратегијата е да се  зголеми придонесот на ИКТ индустријата во насока на одржлив економски развој и создавање нови работни места во рамките на ИКТ и други поддржани индустрии.

На состанокот се разговарало и за дигиталната трансформација на општеството, поголема конкурентност на македонските ИКТ компании и производи, како и брендирање и позиционирање на македонската ИКТ индустрија.