Балкан

Мира Марковиќ ќе ја тужи Србија

Мира Марковиќ ќе ја тужи Србија

Вдовицата на поранешниот српски претседател Слободан Милошевиќ, Мира Марковиќ, е подготвена да се обрати до Судот за човекови права во Стразбур за да може да ја врати сопственоста над вилата на улицата Ужичка, рекол Хаџи Драган Антиќ, близок пријател на Марковиќ и на нејзиниот сопруг.

Тој навел дека наследниците на Милошевиќ прво во Србија ќе ги искористат сите законски можности, а доколку тоа не успее, ќе се жалат до Судот во Стразбур.

„Адвокатите на Мира Марковиќ прво ќе побараат ревизија на постапката, а имаат право и на уставна жалба. Доколку тоа не помине, бидете сигурни дека ќе се обратат до Стразбур“, рекол Антиќ за српски „Блиц“.