Мира Марковиќ лута на Мркоњиќ бидејќи сака куќата да ја продаде на Албанец

Мирјана Марковиќ, сопругата на покојниот претседател на Сојузната република Југославија, Слободан Милошевиќ, збеснала кога дознала дека социјалистот Милутин Мркоњиќ во нејзината куќа го довел албанскиот бизнисмен Чазим Османи, кој сакал да ја купи куќата за 3,5 милиони евра.

Вдовицата на Милошевиќ, уште во минатото на пик го имала Мркоњиќ и многу се изнервирала што тој се вмешува во продажбата на куќата и уште повеќе што ја понудил на Албанец. Таа е свесна дека тој од Османи сака да излече пари за просредување.