Спорт

Миралем Пјаниќ достапен за 30 милиони евра

Миралем Пјаниќ достапен за 30 милиони евра

Раководните лица на италијанскиот калчолигаш Рома ги открија условите под кои се подготвени да се разделат од услугите на босанскиот интернационалец, Миралем Пјаниќ.

Одличниот играч за врска веќе подолг временски период важи за голема желба на најбогатиот клуб во француската Прва лига, ПСЖ, но официјалната понуда на „светците” која беше испратена за време на зимскиот преоден рок експресно беше одбиена од раководните лица на Рома со образложение дека Пјаниќ има статус на недостапен и дека нема да си замине од „Олимпико” за време на зимскиот преоден рок.

Ваквата ситуација ќе добие сосема поинаков тек доколку челниците на ПСЖ ја исплатата ослободителната клаузула во договорот на Пјаниќ која не е помала од 40 милиони евра.