ФОТО: Миранда Кер во две неодоливи изданија

Миранда Кер се појави во две неодоливи изданија и одржа модна лекција, за која пишуваат сите светски медиуми.

Понекогаш ја нема долго време да се појави, а кога ќе се појави таа знае да им одржи лекција за стил за која сите пишуваат. Тоа е една од причините зошто просто ја обожаваме оваа девојка.

Миранда Кер во две неодоливи изданија
Миранда Кер во две неодоливи изданија

Миранда Кер се појави во фантастично издание со кое покажа дека може да изгледа и забавно и со стил и во дневните прилики.

Комплетната комбинација преубавата австралиска убавица ја финишираше со кожени, гранџ чевли, кои помалку наликуваа и на елегантни мартинки, но и со залижаната ниска пунџа и минималната шминка.

Миранда Кер во две неодоливи изданија
Миранда Кер во две неодоливи изданија

Истиот тој ден, само неколку часа пред ревијата Миранда Кер го посети парискиот бутик на дизајнерот Азедин Алаија во едноставна комбинација која се засноваше на сукњата од споменатиот дизајнер и бела кошула.