Мирческа: СДСМ во Центар за четири години направи само еден монтажен паркинг

Иако СДСМ имаше на располагање огромен буџет од 100 милиони евра, пари за кои некои општини во Македонија можат да сонуваат, тие и нивниот кадар не направија апсолутно ништо да се подобри ситуацијата со еден од најглемите проблеми за жителите на скопската општина Центар и еЕдинствена работа со која можат да се пофалат е монтажниот паркинг позади трговскиот центар Буњаковец, рече во средата Јована Мирческа од ВМРО-ДПМНЕ.

„Најважни работи во една урбанизирана општина како Центар се: хигиената, како се трошат јавните пари и паркингот. За општина како Центар паркингот е од огромно значење за центарци. Последниве неколку години видовме катастрофално менаџирање на паркингзите од страна на СДС и директорот на јавното претпријатие Саша Богдановиќ. Ако ги прашате жителите на Центар што е подобрено во однос на паркирањето во оваа општина верувајте дека нема да знаат да посочат“, рече Мирческа.

За четири години и располагајќи со буџет од 100 милиони евра, продолжи  таа, Богдановиќ и СДСМ успеаја да направат само еден монтажен паркинг.

„Иако ветуваа дека ќе изградат нови монтажни паркинзи, катни гаражи видовме дека ништо од тоа не е исполнето. Впрочем и моменталното седиште на ПОЦ е катната гаража ‘Судска палата’ која е изградена во време на ВМРО-ДПМНЕ со капацитет од 502 места. Исто така,с акаме да потенцираме дека и меѓу првите монтажни паркинзи беше изграден во Капиштец токму на барање на граѓаните во тој дел од општината и тоа повторно во време на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Мирческа.

Посочи дека Саша Богдановиќ и СДСМ имале доволно време да покажат колку се грижат за жителите на Центар, но оти единствена грижа на Богдановиќ била како да ги избрка од претпријатието сите оние кои не размислувале како него.

„Остави десетици на улица да се снаоѓаат како знаат и умеат. Богдановиќ си ги вработи неговите партиски пријателчиња од СДС Центар, ги намести на позиции им даде плати за кои многу вработени можат да позавидат. Богдановиќ ги тераше неговите вработени да делат партиски отчети за време на работно време со закани и уцени дека ќе бидат избркани од работа. Се поставува прашањето што направил Богдановиќ во овие четири години освен што безмилосно го цеди ПОЦ. Одговорот е едноставен, апсолутно ништо. Прво поставете си го прашањето дали би го вработиле овој човек во ваша фирма, а потоа дали заслужува да биде директор на ПОЦ“, додаде претставничката на ВМРО-ДПМНЕ.

Мирческа го обвини Богдановиќ дека направил ПОЦ да биде бесмислено претпријатие кое станало симбол на хаосот и партиските вработувања.

„Мисијата што требаше да ја има ПОЦ на чело со Богдановиќ одамна се изгуби. Целта му е да прави што е можно поголема наплата, па макар тоа биле неуредно паркирани автомобили на необележани места се со цел да ја исполни неговата партиска агенда. Граѓаните на Центар не се ни глуви ни слепи. Тие ги гледаат овие работи и знаат да одберат што е најдобро за нивната општина. Неспособнота, партизираноста, неработењето се главните одлики на Саша Богдановиќ и затоа Центарци ќе го казнат на 15-ти октомври“, заклучи Мирческа.