Mирчески: Болниците се преполни, итно е потребна Влада на граѓаните!

Интегрален текст од изјавата на Пеце Мирчески, претседател на Комисијата за животна средина и член на Извршниот одбор на СДСМ:

Огромно е загадувањето и на ниските температури. Власта во заминување досега не презема ништо против загадувањето, поради што болниците се преполни со хронични болни, но и со деца! Во ризик е здравјето на граѓаните! Има и жртви. Загадувањето на воздухот, и лекарите велат дека е една од причните за компликациите по здравјето на луѓето.

Еве, синоќа на мерната станица Битола 2 измерени дури 808 микрограми на еден кубен метар ПМ10 честички, што е за 16 пати повеќе од максимално дозволената граница. Во Лисиче се измерени 714 микрограми на кубен метар, што е за 14 пати над дозволеното. Во општина Центар се измерени 625 микрограми на еден кубен метар ПМ10 честички, односно 12 и пол пати надмаксимално дозволената граница.

Предупредуваме дека мора итно да преземат мерки за заштита на граѓаните, посебно во услови на грип, вируси и инфекции.

Потребни се краткорочни мерки во деновите на високо загадување на воздухот, како и одговорни еколошки политики.

Тоа значи гасификација на Скопје, но и на другите градови. За најголемите загадувачи да се обезбедат субвенции за најсовремени филтри. Субвенционирање на фотоволтаични уреди за користење на сонцето како природен енергенс.

Оваа власт во заминување тоа ниту има совест да го направи, ниту може.

Итно е потребна нова одговорна Влада на граѓаните на Македонија којашто ќе води реални политики за реалните потреби на граѓаните.