Мирчев: Логично е дека протестот бил изрежиран и фингиран

Ниту мене, ниту некому што логично размислува, не ќе му падне на ум дека протестот не бил изрежиран и фингиран: добро сценарио, добра режија, добра губитничка програма, се знае од кого. Ова во изјава за Телеграф. мк го нагласува универзитетскиот професор Димитар Мирчев.

– Не ги гледав сеансите од вчерашните случувања пред Владата, но трагично е што има толку многу повредени, пред сѐ полицајци. Ниту мене ниту некому што логично размислува, не ќе му падне на ум дека протестот не бил изрежиран и фингиран. Добро сценарио, добра режија, добра губитничка програма, се знае од кого, нагласува Мирчев.

Според него, постојат две можности како натаму ќе се одвива ситуацијата.

Враќање во Собранието или, како што вели, и натаму мускулатура со т.н. улични протести и тепање полициски службеници.

Повеќе за ова прочитајте на Телеграф.мк.