Македонија

Мирис на плин се шири низ Ново Лисиче

Мирис на плин се шири низ Ново Лисиче

Неподнослива миризба на плин вечерва се шири низ скопската населба Ново Лисиче. Жители на населбата велат дека миризбата се почуствувала веднаш по големото невреме што го зафати Скопје, но дека не знаат што е причината, пишува „Телеграф“.

На социјалните мрежи веднаш се појавија информации дека пукнала цевка за гас на гасоводот на ГА-МА во близина на хотелот „Хилтон“ кој е во изградба , но се’ уште нема потврда за такво нешто.

Од центарот за управување со кризи и од полицијата велат дека немаат информации што е причина за миризбата.