Мирис во домот: Во спалната соба лаванда, во дневната ванила

Пријатните мириси ќе внесат нова димензија во вашиот дом, само треба да одберете или да ги измешате вистинските „тонови“ за одредена прилика.

Цитрусните мири како портокал, лимон или мандарина ќе ве разбудат и ќе ве направат полетни, јаболкото го подигнува расположението, ванилата е одлична мирисна позадина кога во домот ќе се собере друштво, а сакат да се опуштите на крајот на денот, во тоа ќе ви помогне камилица и лаванда бидејќи имаат смирувачко дејство.

Познато е дека мирисите влијаат на човековото расположение, па дури и на здравјето. Мирисот на домашни колачи и печива често не’ враќаат во детството, не’ потсетуваат на слатките кои ги подготвувале нашите мајки и баби. Тие мириси будат во нас чувство на топлина и сигурност, а таквата состојба на духот можеме во домот да ја поттикнеме со арома на ванила, цимет или каранфилче.

miris-u-domu-u-spavacoj-sobi-lavanda-a-u-boravku-vanilija-504x335-20110416-20110418163357-ad5b03f79274dad818b85f046c1d3505

Наместо купување освежувачки за воздух, кои понекогаш може да бидат преинтензивни, користете етерични масла и други природни средства, можете да создадете сопствени мирисни креации во домот.

Пред да почнете да ги користите, имајте на ум дека за пријатна атмосфера во домот на прво место е потребен свеж воздух. Просторот треба да се проветрува најмалку двапати во денот по 15-тина минути. Мешавина од етерично масло на сандаловина, бор и боровница е идеален освежувач на воздухот со мирис на шума. Земете по 10 капки од секое етерично масло и измешајте со лажица вотка. Ставете во шишенце од 500 мл со распрснувач и протресете. Потоа налијте вода до врв и повторно протресете.

Ќе добиете освежувачки мирис што слободно можете да го употребувате во домот, но внимавајте мирисните мешавини да не ги распрскате по дрвен мебел или ткаенина. Ако тоа не се миристе по ваш вкус, наведениот рецепт можете да го искористите за било кое друго етерично масло.

Уште поедноставен начин да го освежите просторот е да додадете неколку капки од омиленото етерично масло во сад со вода на радијатор кој што ја одржува влажноста на воздухот. Со испарувањето на водата низ просторијата ќе се шири и пријатен мирис. Обидете се со етерични масла од цедеровина, цимет, лаванда или портокал. А, за да ја поттикнете концентрацијата, послужете се со лимон, бергам, мирта, бор и пеперминт.

За работната соба

Мирисот на нане, и цитруси како лимон, лимета, портокал или грејпфрут се одлични стимуланси кои ја поттикнуваат концетрацијата и ја поддигнуваат енергијата.

Следете ги чувствата

Во домот употребувајте мириси кои најмногу ги сакате и по кои интуитивно ќе го препознаете како сопствена оаза на среќата.

Едноставни освежувачи

На малку памук капнете неколку капки етерично масло од лаванда или екстракт од ванила. Ставете го памукот во плитка чинија. Воздухот ќе го освежите за момент.

Пудра за освежување

Мирисот на пудра создава чувство на сигурност. Можете да користите детска или женска пудра.

Повеќе простор

Мирисот на јаболко и краставици создаваат чувство на топлина, но и на прозрачност, па просторот се чини поголем. Поради полетните и лесни ноти се подобрува расположението.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.