понеделник, 24 јули 2017  |  Вести денес: 80

Миризливите свеќи може да предизвикаат рак

svekji-1

Поврзани вести

Палењето миризливи свеќи, иако ви изгледа сосема безбедно може да ослободи голем број хемикалии во воздухот во вашиот дом, како што е формаледехид.

Според најновото истражување, миризливите свеќи би можеле да ослободуваат опасно ниво на опасното соединение формалдехид, пишува „Дејли Експрес“.

Истражувањето покажа дека состојката која се нарекува лимонен, а се користи во миризливите свеќи може да мутира во формалдехид во воздухот. Односно, една од секои две молекули се трансформира во отровен гас кога ќе дојде во допир со природните стакла во воздухот.

Формалдехидот се користи во градежништвото како и во медицинските лаборатории. Познат е по канцерогените својства и ако некој вдише премногу од оваа супстанца, кај него може да предизвика исушување на грлото, чешање на очите, кашлање и крварење од носот.

Лимоненот се користи за да даде мирис на лимон на свеќите како и на поефтините производи за чистење. Се смета дека е безбеден, па дури и одредена храна е зачинета со споменатиот производ. Но, истражувањето покажало дека концентрацијата на оваа супстанца во миризливите свеќи е над 100 пати поголема од она што првично се мислело.

Сепак, најдобар начин за да се намали нивото на формалдехид е да ја проветрите просторијата веднаш откако претходно сте запалиле свеќа или сте користеле производ за чистење со ваква супстанца.

Најчитани вести