Мирјана Најчевска на списокот на фантоми: Дали благодарение на нејзиниот глас ВМРО-ДПМНЕ ги победи СДСМ?

Списокот на сомнителни гласачи кој денеска го објави ДИК ги исфрли на површина сите манипулации на опозициската партија. На истиот може да се забележат низа опозициски фунционери и таканаречени експерти кои во јавноста отворено ги бранат политиките на СДСМ, пишува „Курир“.

Денес Државната изборна комисија на својата веб-страница www.sec.mk го објави списокот на 39.502 граѓани чии записи во Избирачкиот список по извршените вкрстени и теренски проверки се спорни, односно за кои има несовпаѓање на податоците за граѓаните предмет на проверки во Избирачкиот список.

Под реден број 31.550 може да се забележи самопрогласената активистка за човекови права и силен поддржувач на опозицијата Мирјана Начевска.  Дали СДСМ сака да ја брише од Избирачки список фантомот Најчевска бидејќи благодарение на нејзиниот глас ВМРО-ДПМНЕ ги победило, останува отворено прашање. Ние се обидовме да добиеме одговор од Нјачевска и нејзин коментар, но откако одговори на повикот, сепак не собра храброст да одговори и на прашањата, со образложение дека немала намера да разговара со КУРИР, но барем се уверивме дека не е фантом и дека навистина постои, пишува порталот.

Покрај Најчевска, на списокот можат да се забележат и Ерол Ризаов и неговиот син Горан, Павле Трајанов, Гордан Георгиев, Лилјана Шекеринска- Ѓорѓевиќ, Коле Чашуле, Ивона Талевска и низа други познати личности.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.