Миркулоски: Ако бидеме одговорни и обединети, вечер ќе се радуваме

Минатата година не ги штедеше нашите репрезентативци. Покрај изостаноците, но годината која ја испративме операции и подолги паузи имаа Дејан Манасков и Филип Миркуловски, а Гоце Георгиевски се здоби со скршеница.

Токму Филип Миркуловски со задоволство се сеќава на последното соочување на Македонија и Чешка во Ниш пред две години, кога со пет постигнати гола од исто толку удари, беше еден од најзаслужните за нашата голема победа од шест разлика

„Добро се чувствувам, иако можам да кажам дека не сум сеуште 100 отсто подготвен по операцијата и долгото отсуство. Но вакви мечеви посебно ме мотивираат и со нетрпение ги чекам. Го гледавме мечот Австрија – Чешка и мој впечаток е Чесите одиграа многу под своите можности. Верувам во нашата репрезентација и ако бидеме одговорни и обединети, вечерва ќе се радуваме„ рече ракометарот на Металург во разговорот со новинарите во „Скандик Реџина„ хотелот во Хернинг.

Нашите репрезентативци играат против колегите од Чешка денеска со почеток во 18,30 часот.