Миркуловски: Колдинг не заостанува со квалитет зад Барселона или ПСЖ

Средниот бек во македонскиот ракометен шампион Металург, Филип Миркуловски е оптимистички расположен пред утрешниот дуел (17.00 ч) во СЦ “Борис Трајковски” во Лигата на шампионите против Колдинг.

„Пред нас е една исклучително силна и искусна екипа. Можеби не е име како Барселона или ПСЖ, но со квалитетот не заостанува зад овие европски гиганти. Ако не го разбраниме Каспер Хвит, нашите шанси на овој меч ќе бидат многу поголеми. Важно ќе биде и нашите голмани да бидат во ритам, да имаат барем 15 интервенции. Сакам да се создаде една позитивна атмосфера, навивачите ја препознаваат нашата борбеност и ни даваат крилја на патот до победата. Се надевам дека истото ќе се случи и в недела“, изјави Миркуловски.