Миркуловски под знак прашалник за Чешка

На синоќешниот тренинг на листата на повредени „се појави“ и името на Филип Миркуловски.

Тој почуствувал болка во листот на десната нога и неизвесен е неговиот настап на натпреварот со Чешка.

Првите лекарски прегледи не навестуваат дека проблемот е сериозен, но сепак времето за лекување на повредата е кратко.

Ова е дополнителен проблем за бековската линија пред се во нападот по отсуството на Наумче Мојсовски и моментот дека капитенот Кирил Лазаров се уште не е 100 отсто подготвен.

Репрезентацијата на Чешка се очекува денеска околу пладне да пристигне во Скопје. Натпреварот се игра во недела во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 17:45 часот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.