Миркуловски потпиша со Вецлар

Македонскиот репрезентативец Филип Миркуловски од следната сезона ќе го носи дресот на Вецлар.

Оваа информација самиот ракометар ја потврди на својот ФБ профилот каде напиша:

“Голема чест од HSG Wetzlar. Треба да го заменам „ракометниот Моцарт“. Голема чест, но и одговорност. Од Јуни две сезони во дресот на Вецлар”.
mirkulovski

Миркуловски откако го напушти Металург настапува за Хановер, каде ќе остане до крајот на сезоната, а потоа од јуни ќе го носи дресот на Вецлар, каде во моментов настапува Дејан Манасков.

Сепак, тие двајца нема да бидат повторно во ист клуб, бидејќи македонското лево крило се враќа во Македонија и ќе настапува за Вардар.