Миркуловски со оток на коленото, Стојчевски со болки во препоните

Исцрпувачкиот натпревар на македонската ракометна репрезентација од вторто коло на Европското првенство против селекцијата на Чешка, го зеде својот данок. Селекторот Ивица Обрван се соочува со нови проблем пред дуелот со Австрија, бидејќи по натпреварот со Чесите, средните бекови Филип Миркуловски и Никола Стојчевски, бидејќи имаат дополнителни болки во коленото, односно на препоните.

Миркуловски го доигра натпреварот со Чешка, во кој беше подложен на многу тешки дуели, а по натпреварот се јави оток на неговото лево колено. Сепак, претстои ден одмор за нашите ракометари, за да се собере сила и да се санираат оние помали повреди. Медицинскиот тим на ракометната репрезентација на Македонија ќе има најмногу работа со Миркуловски, но пред се со Никола Стојчевски, кој откако се повреди излезе од теренот и веќе не се врати во игра. Неизвесно е дали тој ќе биде способен за настап на натпреварот против Австрија, но подетални информации ќе бидат познати во текот на денешниот ден, откако ќе бидат направени деталните лекарски прегледи.