Спорт

Миркуловски: Треба да бидеме задоволни од прикажаното на ова ЕП

Миркуловски: Треба да бидеме задоволни од прикажаното на ова ЕП

Средниот бек на македонската ракометна репрезентација Филип Миркуловски го одигра својот најдобар натпревар на Евроското првенство во Данска. Тој постигна седум голови во дуелот со Шпанците, а по натпреварот изјави дека 10. место е добар резултат на ова првенство.

„Се на се, треба да бидеме задоволни од прикажаното на овој европски шампионат. Можеби можевме да сториме нешто повеќе во втората фаза, но, ете, среќата ни го сврте грбот“, изјави Миркуловски на прес-конференцијата по натпреварот со Шпанија.

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Ивица Обрван, изрази честитки за Шпанија за победата и посака среќа во завршницата на ЕП. Заигратанацрвено -жолтие потенцираше дека било тешко да се игра без поголем број повредени играчи.

„Во првото полувреме одигравме добро, иако настапивме во шарен состав, особено на бековските позиции. Покрај претходните повреди, денеска бевме без Лазаров и Пецаковски, што не сведе само на тројца надворешни играчи, што се почувствува во играта особено кога Шпанија почна да игра поцврсто во одбраната“, изјави Обрван.
Кирил Лазаров не играше поради повреда на десната препона додека Дејан Пецаковски има проблеми со коленото.