Мирна ноќ и утро на Сава и Дунав

Нивото на реката Сава кај Шабац утринава било 606 сантиметри, 12 сантиметри помалку од вчера во исто време.

На критичните места, во околината на селото Дреновац, волонтерите и денеска ќе ги зајакнуваат бедемите додека војската полицијата и стручните служби ќе прават нов насип долж пругата во селото Штитар.

Ситуацијата на реката Дунав е под контрола. Денеска нивото на водата на е за 20 сантиметри пониско од котата која би значела прогласување на вонредна состојба од поплваи.

Надлежните посочуваат дека е добро што врвот на поплавниот бран се пролонгира од дена на ден. Во моментот, посоти информација дека тоа ќе е случи во недела, а доколку се помести за во понеделник тоа ќе значи дека нивото на водата ќе биде се пониско, што е и поповолно за жителите на загрозените места во Србија.

Во моментот врвот на поплавниот бран е кај термоелектраната „Никола Теска“, што значи дека за три до четири дена би требало да дојде во Белград, а доколку се помести за пет- шест денови, ќе биде многу понизок од тоа што би можел да биде.