Балкан

Мирна ноќ во поплавените региони во Србија

Мирна ноќ во поплавените региони во Србија

Ноќта во поплавените региони во Србија помина мирно. Нивото на реката Сава е во опаѓање, а во Обреновац евакуацијата продолжува.

Во Шабац од вчера во сила е забраната за работа на угостителските објекти, со цел луѓето во поголем број да се отповикуваат на утврдувањето на насипот на Сава. Голем број млади лица работеа во текот на ноќта на полнење на вреќи со песок заради утврдување на насипите.

Во Обреновац во текот на ноќта продолжи евакуацијата, која почна во понеделникот, поради опасноста од излевање на Сава, кај Забрежје. До полноќ се евакуирани околу илјада лица, а потоа за три часа уште меѓу 200 и 300 лица. Новата фаза на евакуација почна во пет изутринава, со пристигнување на возила, кои во моментов го евакуираат населението од населбата Стублине.

Во Обреновац се уште има луѓе, кои одбиваат да се евакуираат и покрај апелите на надлежните, а моментално се работи на зајакнување на наспиот околу термоцентралата ТЕНТ А и Б.