Мирна новогодишна ноќ во Скопје

Новогодишната ноќ во Скопје помина мирно.

Како што пренесува МИА, на плоштадот Македонија, сквер Јадран, Метрополис Арена и сала на Кошаркарскиот Клуб Работнички во Градски парк, каде имаше организиран пречек на Новата Година, е регистрирано едно нарушување на јавниот ред и мир предизвикано од едно лице.

Како што информираа од МВР, за две лица е повикана Итна медицинска помош кои биле во алкохолизирана состојба.

Се проценува дека новогодишната ноќ на организираниот пречек на Новата година ја дочекале 10.000 лица.