Мирослав Коциќ нов голман на Металург

Српскиот репрезентативен ракометен голман Мирослав Коциќ (33) е новиот чувар на мрежата на македонскиот вицешампион Металург, пишува реномираниот интернет портал “Балкан Хендбал”.

Одличната сезона на голот на Војводина во Регионалната СЕХА Лига, предизвика интерес на голем број на клубови за искусниот Лесковчанец , кој веќе неколу години е страв и трепет за напаѓачите во српското првенство.
Кочиќ во својата кариера настапуваше и за Железничар, Планинка, Зајачар, а одигра и неколку натпревари за катарскиот Ел Џаиш.

За репрезентацијата на Србија дебитираше во двомечот со Чешка во октомври минатата година.
Коциќ би требало да биде замена за Раде Мијатовиќ , кој пред неколку недели потпиеша за унгарскиот Чургу.