Мирослав Шиповиќ ќе се брани од слобода

Претседателот на Советот на општина Центар Мирослав Шиповиќ, првообвинет во случајот со „Машинопромет“ и останатите обвинети во случајот ќе се бранат од слобода, одлучи Судот на денешното рочиште, пишува „Плусинфо“.

Мирослав Шиповиќ откако помина 8 месеци во притвор, минатиот месец, доби домашен притвор, бидејќи како што информираа од Судот, обвинетите досега не се осудувани, не се води друга постапка против нив, а воедно покажале и примерно однесување во текот на досегашната постапка. Денеска Судот одлучи тој да се брани од слобода.

Мирослав Шиповиќ, заедно со уште 11 лица се обвинети за финансиски малверзации со скопската фирма „Машинопромет.
Во текот на постапката, обвинетите за цело време тврдат дека се невини и не ги сториле делата кои Јавното обвинителство им ги става на товар.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.