Македонија

Мировен Корпус Македонија организира промотивен настан Форум за Градоначалници

Мировен Корпус Македонија организира промотивен настан Форум за Градоначалници

Денес Мировен Корпус Македонија и Министерството за локална самоуправа организираа настан за градоначалниците од цела Македонија во Сити хол (City Hall).
На настанот присуствуваа градоначалници (и други претставници) на 84 општини, американскиот амбасадор Џес Бејли, министерот за локална самоуправа Сухејел Фазлиу, директорот на Мировниот Корпус Марк Ханафин, вработени и волонтери на Мировниот Корпус и други поканети гости. На Министерството за локална самоуправа му беше доделена специјална награда во знак на успешна соработка со Мировен Корпус.

„Волонтерите се тука за да им помогнат на локалните заедници да воведат проекти и да одговорат на потребите на заедницата“, рече Амбасадорот Бејли. „Без оглед дали се мали или големи, волонтерите на Мировниот Корпус се секогаш тука да помогнат во создавањето и имплементирањето на проекти кои се наменети за заедницата.“

За време на настанот, волонтери на Мировниот Корпус кои живеат во градови и села низ Македонија зборуваа за влијанието на нивните активности врз развојот на Македонија. Еден од волонтерите, кој е специјален едукатор од Мериленд, го нагласи ефектот кој нејзините активности го имале врз подигнувањето на свеста за луѓето со посебни потреби во Струга. Друг волонтер, експерт за развој на заедницата од Калифорнија, зборуваше за неговиот успех во градење на капацитети и информирање на младите во регионот на Тетово.

Општините беа поканети да аплицираат за волонтер на Мировниот Корпус. Следната група на волонтери ќе пристигне во септември 2018 и ќе вклучува наставници по англиски јазик, специјални едукатори како и специјалисти за развој на општините. Крајниот рок за аплицирање е 27 Април. Повеќе информации можат да се најдат на веб-страницата на Мировен Корпус.

Мировниот Корпус е основан во 1961 година, од претседателот Џон Ф. Кенеди. Мировниот Корпус има три цели: да се обезбедат волонтери коишто ќе дадат свој придонес во развојот на заинтересираните земји; да помогне луѓето од земјата домаќин да стекнат подобро разбирање за луѓето од Америка и да помогне луѓето од Америка да стекнат подобро разбирање за народите и заедниците во кои волонтерите живеат и работат.