Мировната конференција за Сирија нема да се одржи во Женева?

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун, конечно минатата недела го одреди датумот од тие мировни преговори кои што од јуни повеќе пати беа одложувани и сега се договорени за 22-ри јануари.

Иако организаторите во ОН се задоволни што е утврдени датум, сега се нашле во незавидна ситуација. Оваа конференција трева да започне истиот ден кога светската елита ќе допатува на годишниот Светски економски форум во луксузниот скијачки центар Давос и се случува во исто време со саемот за луксузни часовници во Женева.

Сите хотели во тој град веќе се резервирани, поради што организаторите на мировната конференција се принудени да бараат алтернатива.

Една од можните опции е Монтре, град на крајбрежјето на Женевското езеро.

„Доколку одиме во Монтре, тоа ќе биде само на 24 часа, додека чекаме да заврши саемот на часовници и форумот во Давос“, рекол Брахими.