Мировници од ОН сексуално искористувале повеќе од 200 жени од Хаити

Припадници на мировните сили на ОН распоредени на Хаити, сексуално искористувале повеќе од 200 жени и девојки, на кои во замена за секс им давале храна и лекови, се наведува во нацрт-извештајот на Канцеларијата на ОН за интерен надзор, со напомена дека голем број случаи останале прикриени, објави

Според овој нацрт, во кој имале увид дел од западните агенции, третина од искористените жени, биле помлади од 18 години, пренесува Танјуг.

Шокантните податоци се откриени откако истражителите спровеле разговори со 231 лице од хаити, кои тврделе дека биле принудени на секс во замена за основните намирници.

Селските жени најчесто како причина за тоа ги наведувале гладта, недостиг на засолниште, потреби околу бебе, лекови и покуќнина. Од друга страна, оние кои живееле во град, или во непосредна близина на град, пружале секс во замена за чевли, мобилни телефони, лап-топови, парфеми, па дури и пари, се наведува во извештајот.

Во случај на неплаќање, некои жени ги задржувале беџевите на мировниците и им се заканувале дека се ќе откријат на социјалните мрежи.

ОН забранува размена на пари, вработувања, стоки или услуги за секс и ги обесхрабрува односите меѓу персоналот на ОН и оние кои се под нивна заштита. Меѓутоа, само седум од анкетираните жртви ја познавале политиката на ОН, се наведува во извештајот, кој треба да биде објавен во текот на месецот.