Мировниот корпус прославува 20 години во Македонија

На 2 декември 2016 Мировниот корпус во Македонија прославува 20-годишнина од постоењето во Македонија, настан на кој 44 Американци ќе дадат заклетва пред американскиот амбасадор Џес Бејли, со што официјално ќе станат волонтери на Мировниот Корпус.

Новите волонтери ќе се приклучат на групата која брои повеќе од 680 американски државјани, коишто биле во Македонија од отворањето во 1996 година. Новата група волонтери претставува дваесет и прва група волонтери што ќе живее и работи во Македонија.

Меѓу поканетите гости се министри, градоначалници, претставници на Амбасади, како и претставници на партнерските организации. Свеченоста ќе се одржи во хотелот Мариот од 12 до 13 часот.

Овој свечен настан ќе го одбележи успешното завршување на интензивната 11-неделна обука во која волонтерите го изучуваат македонскиот и албанскиот јазик и култура. По давањето заклетва, новите волонтери на Мировниот корпус ќе ја почнат својата двегодишна служба во заедниците низ Македонија.

Мисијата на Мировниот Корпус

 Мировниот Корпус е основан во 1961 година, од претседателот Џон Ф. Кенеди. Мировниот Корпус има три цели: 1. Да се обезбедат волонтери коишто ќе дадат свој придонес во развојот на заинтересираните земји преку размена на информации и искуства; 2. Да помогне луѓето од земјата домаќин да имаат подобро разбирање за луѓето од Америка; 3. Да помогне луѓето од Америка да стекнат подобро разбирање за народите од земјите низ светот. Преку своите активности, доброволците на Мировниот Корпус промовираат мир во меѓународната заедница и подобро разбирање меѓу луѓето од различни култури и традиции. Дополнителни информации можете да најдете на нашата веб страница или на Facebook профилот.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.