Мировните преговори за Сирија ќе завршат без напредок

Последната рунда од преговорите меѓу сириската Влада и опозицијата ќе заврши во петок, без да биде постигнат напредок во раскинувањето на тригодишната граѓанска војна, пренесува Гласот на Америка.

И од двете страни продолжуваат несогласувања, дури и за тоа што да биде разговарано на преговорите во Женева. Мировните преговори започнаа во јануари, а се’ уште не е познато кога ќе се одржи третиот круг.

Посредникот на Обединетите Нации, Лахдар Брахими, по средбата со руските и американските дипломати истакна дека на преговорите не е постигнат голем напредок.