Мирсад Ндрецај кукавички, од зад грб убил тројца полицајци

Еден од водачите на терористите кои го нападнаа Куманово, Мирсад Ндрецај, познат како командант НАТО,  кукавички ги одзел животите на тројца македонски полицајци, пренесуваат српските медиуми.

Се додава дека дека тој ги убил од зад грб, во моментите на предавање, додека терористите излегувале од една куќа. Командант НАТО тогаш фрлил бомба на припадниците на полицијата кои му биле завртени со грб кон него, а од експлозијата загинале тројца, Бобан Ивановиќ, Исамедин Османи и Горан Илиевски.

Ндрецај е познат како личен пријател на поранешниот косовски премиер и водач на УЧК, Рамуш Харадинај, кој токму по негов налог ги предводел нападите во Македонија, додава телеграф.рс.