Мис Хондурас е пронајдена мртва

Телата на Мариа Хозе Алварадо и нејзината сестра биле најдени закопани во близина на река во планинскиот регион Санта Барбара, јавува Ројтерс, пренесе Нетпрес.

Алварадо требаше да учествува на изборот за Мис на Светот. Таа и нејзината сестра се водеа за исчезнати од четвртокот, кога за последен пат биле видени како напуштаат забава во автомобил без регистерски таблички.

– Може да потврдиме дека сестрите Алварадо се пронајдени. Исто така пронајдено е и оружјето со кое биле убиени и возилото со кое биле пренесени до местото каде што биле закопани, изјавил шефот на единицата за истражување на криминални дејствија Леандро Осарио.

Министерот за внатрешни работи Артуро Коралес изјавил за локалните медиуми дека за убиството е виновно момчето на сестрата на Мис Хондурас.