Мис Универзум сака да биде новата Бонд девојка

По победата на Изборот за Мис Универзум, Мис Филипини, Пија Алонсо соопшти дека сака да стане новата Бондова девојка.

На прашањето на новинарите што планира следно, таа рече: Можеби ќе станам нова Бонд девојка. Тоа е мојот следен сон.

Овогодишната победничка допатува во родните Филипини првпат откако домаќинот на церемонијата во Лас Вегас Стив Харви, по грешка ја прогласи Мис Колумбија за Мис Универзим, наместо неа.