Мисајловски: Делницата Битола- Кременица ќе биде готова за 18 месеци

Министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски одговарајќи на пратеничко прашање зборуваше за проектот за уредување на Голема Ливада како и за изградбата на пругата Битола- Кременица.

Во однос на проектот за уредување на Голема Ливада, како што истакна Мисајловски, хотел Пелистер ќе започне со изградба на крајот на месец јули, а се очекува да се заврши во рок од еден месец, односно до крајот на август. Министерот потенцираше дека за овој проект се одвоени 5 милиони денари.

Исто така, Мисајловски информираше дека е склучен договор за изградба на делницата Битола-Кременица, каде рокот за извршување на работите изнесува 18 месеци.

-Изградба на делницата Битола- Кременица како дел од кракот 10 од Коридорот 10 за изградба со крак во индустриска зона Жабени. Можам да информирам дека веќе склучивме договор со изведувач, авансот е префрлен, почнаа подготвителни работи. Имаме потпишано договор со бугарска фирма, имаме потпишано договор со шпанската форма „Ептиса“ за надзор, рок за градба е 18 месеци. Во оваа фаза се подготвителни работи на терен, согласно динамичкиот план, очекуваме дека за 18 месеци ќе биде комплетно се завршено, рече Мисајловски.

Реконструкцијата предвидува изградба на крак до индустриската зона Жабени и изградба на нова железничка станица за прекуграничен сообраќај со сите придружни објекти.

Со обновата на железничката пруга Битола – Кременица ќе се овозможи побрз и посигурен транспорт на стоки до солунското пристаниште, како и поевтин превоз на туристи и патници. За овој капитален проект, Владата ќе вложи околу 20 милиони евра.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.