Мисајловски: Единствен проблем за изградбата на инфрасттруктурните проекто е неспособноста на СДСМ

Проектите од сферата на инфраструктурата почнати од владата на ВМРО-ДПМНЕ се од витално значење за Република Македонија и не смеат да трпат застои или одложувања, сите тие пред да почнат со градба се добро подготвени со претходни анализи и мислења а сега се соочуваат со неспособноста на СДСМ, рече во петокот Владо Мисајловски од ВМРО-ДПМНЕ.

Мисајловски посочи дека големите инфраструктурни проекти, се проекти кај кои секаде во светот се јавуваат одредени пречки во текот на градбата, но истовремено истакна дека решенијата за нив се носат со работа и не се предизвици поради кои треба да запре изградбата.

„Пред недела дена СДС ја проблематизираше изградбата на автопатот Кичево-Охрид, за сега да наоѓаат изговори и во изградба на експресниот пат Прилеп-Градско. ВМРО-ДПМНЕ потенцира да се фатат за работа и да го изградат автопатот кон Охрид и експресниот пат Прилеп-Градско, единствен проблем со кој се соочува изградбата на инфраструктурни проекти е неспособноста на СДС“, рече Мисајловски.

Додаде дека експресниот пат Прилеп-Градско е пат од огромно значење не само за жителите на Прилеп и Градско, туку и за целиот поширок регион на централна и јужна Македонија, кој ќе го забрза протокот на возилата и ќе допринесе за поголем економски развој и неговата реализација не смее да трпи заради неспособноста на СДСМ.

Мисајловски порача дека владата на СДСМ треба да започне да го реализира она што им го ветиле на граѓаните, а не да изнаоѓа изговори.

„СДС наместо да се однесува како опозиција да се фати за работа во реализација на пто граѓаните очекуваат од СДС нови 600 километри автопат, 550 километри магистрални патишта и 1.000 километри локални патишта, а не политизирање кое не им носи реален бенефит, ниту на граѓаните, ниту на државата. Еден месец откако СДС е на власт, а граѓаните од нив гледаат само уривање, блокирање и уништување, граѓаните очекуваат од СДС да престанат да си игра со големите инфраструктурни проекти од значење за државата и да продолжи со нивна реализација“, констатираше претставникот на ВМРО-ДПМНЕ.