Мисајловски: Граѓаните ќе почувствуваат што е квалитетен, брз и удобен транспорт

Железницата од денеска влегува во нова ера во која граѓаните ќе почувствуваат што е квалитетен, брз и удобен транспорт, потенцира министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски на денешната промоција на новиот електромоторен воз.

ЦРРЦ, информира министерот Мисајловски, согласно договорот на МЖ Транспорт треба да испорача уште еден електромоторен воз до крај на годинава, а во  првиот квартал следната година четири воза на дизел погон.

Железницата од денеска влегува во нова ера во која граѓаните ќе почувствуваат што е квалитетен, брз и удобен транспорт. Овој воз со капацитет од 200 патници е еден од најсовремените произведени возови, направен согласно сите стандарди на ЕУ, рече Мисајловски.

Во истовреме со пуштањето на новиот воз, оцени, значајно  е што завршуваат активностите за обнова на Железничката станица во Скопје, во што се инвестирани 2,6 милиони евра и оти се во тек такви активности за реконструкција на уште десет железнички станици долж Коридорот 10, вложување од 2,5 милиони евра.

Според премиерот Груевски, ова е историски ден за македонскиот железнички превоз затоа што е помината цела една историја во која никој не се  погрижил да набави нови возови за македонските граѓани. Не се потребни многу зборови, туку само да ги видиме старите возови на шините  и новиот кој денес го ставаме во употреба. Разликата е навистина многу голема, потенцира Груевски.

Новиот воз…

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.