Мисајловски: Граѓаните ќе почувствуваат што е квалитетен, брз и удобен транспорт

Новиот воз, истакна, е првиот од повеќето нови модерни возови со кои ќе се обнови возниот парк на Железницата,  капитална инвестиција од 25 милиони евра, обезбеди преку Европската банка за обнова и равзој. Претходно како дел од проектот беа набавени нови 150 товарни вагони, инвестиција од 13 милиони евра.

Со новите возови, како што рече Груевски, ќе бидат покриени околу 60 проценти  од линиите во патничкиот сообраќај,  што директно значи поудобен и поквалитетен  превоз на патниците.

Владата веќе разработува план за набавка на вакви возови и за останатите 40 проценти од линиите во Македонија. Како продолжение на нашите инвестиции во железницата во подготовка сме на набавка на три нови локомотиви, а веќе склучивме и договор за реконструкција на халите за одржување на возовите, посочи премиерот Груевски.

Вицепремиерот Зоран Ставрески истакна дека со Буџетот за следната година се планираат две милијарди и 200 милиони денари инвестици во железницата или, како што рече, 15 пати повеќе во однос на 2006 година.

Целта е македонската железница да го добие ликот кој треба да го има, односно да биде модерна и функционална, нешто што требало да биде уште пред многу години, но се случува сега и не смее да се одложува понатаму. Резултатите се веќе видливи, сведоци сме денеска на една слика каква треба да биде макеоднската железница. Овој воз   само дел од мозаикот на кој работиме за модерна Македонија, рече Ставрески.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.