петок, 26 мај 2017  |  Вести денес: 0

Мисајловски: Ја имаме најкрупната програма во историјата на Македонија

caska-tribina1-640x360

Поврзани вести

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ во рамки на кампањата „На Македонија и треба твојата идеја“ денеска одржа трибина во Чашка.

Министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски пред жителите на Чашка, кои во огромен број ја следеа трибината, истакна дека претставува огромно задоволство кога се движат од едно во друго населено место а граѓаните ги кажуваат своите идеи. Мисајловски подвлече дека ВМРО-ДПМНЕ не бега од народот, а бега само оној кој му погрешил.

-Моментално имаме една од најкрупните програми во историјата на Република Македонија, особено  во делот на инфраструктурата. Но ние сме дојдени тука да ни дадете идеи, да слушнеме критики и совети од граѓаните, што да подобриме но и да се видиме со вас, истакна Мисајловски.

Секој ден одиме, најчесто со премиерот, додаде тој, од едно во друго населено место и ги решаваме проблемите на граѓаните, онаму каде што можеме, колку што можеме.

Ние не ветуваме чуда , но она што ќе го ветиме, верувајте дека ќе го исполниме. Сакам да ве информирам за моето министерство. Министерството за транспорт и врски има најобемна  програма во историјата на Македонија. Градиме 3 автопати паралелни. Тоа е инвестиција од преку 800 милиони евра. Се градат Демир Капија-Смоквица, Кичево-Охрид и Миладиновци-Штип. Станува збор за една од најкрупните инвестиции во Македонија, а од друга страна има вработено преку 3.000 лица на трасата, појасни Мисајловски.

Тој истакна дека е распишан тендерот за Скопје-Куманово каде ќе се рехабилитира постојната делница.

-Следната година започнуваме со експресен пат од Ранковце-Крива Паланка , проект преку 80 милиони евра, а ќе ја правиме и делницата од Крива Паланка до Деве Баир. Исто така идната година го опремуваме  делот околу Саса Тораница, односно да ги поврземе Крива Паланка и Македонска Каменица, додаде Мисајловски.

Министерот истакна дека до крајот на месецот ќе биде пуштен и патот Вечес-Катланово, кој ќе биде и свечено отворен.

Најчитани вести