Мисајловски со апел до кумановскиот градоначалник да не ги кочи проектите за граѓаните

Општина куманово да не ги кочи проектите за граѓаните, да се придружуваат на договорот што го имавме кај нас во министерството. Тие на располагање имаат уште околу 1,5 милиони евра и доколку не сакаат да ги користат ќе бидеме приморани евентуално со одлука на влада да им ги одземеме, апелираше денес министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски до кумановскиот градоначалник Зоран Дамјановски.

Инаку, при посетата на Груевски и Мисајловски на кумановскиот крај во септември минатата година и на населените места Романовце и Пчиња, жителите се пожалија за немање на водовод и канализација и за недостаток на волја кај градоначалникот Дамјановски да им помогне во решавањето на овој нивен најголем проблем.

Како што пишува денес „Курир“  граданочалникот Дамјановски се што требаше да направи е да аплицира со проект до министерството, по што ќе му бидат одобрени овие средства. Министерот Мисајловски вели дека иако со општината Куманово се договориле да достават проект за овие две населени места за да може министерството отпочне да ги реализира проектите, сепак до сега тоа не го сториле.

Сакам да апелирам до општина куманово да не ги кочи проектите за граѓаните, да се придружуваат на договорот што го имавме кај нас во министерството. Тие на располагање имаат уште околу 1,5 милиони евра и доколку не сакаат да ги користат ќе бидеме приморани евентуално со одлука на влада да им ги одземеме, вели Мисајловски.

За канализацијата во Романовце во Министерството за транспорт и врски има резервирано финансиски средства и ако градоначалникот направи проект Владата ќе даде финансии во висина од еден милион евра. По речиси половина година и покрај инстистирањето и неколкуте повици од страна на министерот Мисајловски до градоначалникот Дамјановски да поднесат документација и да се запази процедурата за да се одобрат средства за градба на овој стратешки проекти за жителите на Романовце, Дамјановски воопшто не се одзива и не се труди да го реши овој проблем . Дамјановски со ова казнува над 3,5 илјади жители на кој ќе им се реши овој проблемот за вода за пиење и фекална канализација.

Ист е случајот и со селото Пчиња каде жителите се пожалија дека Дамјановски не го прави водоводот. Груевски и Мисајловски при посетата истакнаа дека се што Градоначалникот треба да направи е да поднесе проектна документација за проекти кои што ќе бидат стопроцентно финансирани од владата. Речиси половина година потоа нема никакво помрднување. Општината Куманово нема поднесено проекти за изградба на водовод.

Со ваквото однесување Зоран Дамјановски и неговата матична СДСМ освен тоа што ги казнуваат над 3.5 илјади граѓани тие директно работат против нивните интереси и покажуваат арогантен однос спрема граѓаните што не му носи добро никому.

Постапка за апликација

На Совет на општината…